back to top
11.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Полицијата соопшти дека смртта на актерката Хајден Панетиер (36) не била насилна, ја пронашол познаник

Други наслови

Американската актерка Хајден Панетиер (36), најпозната по улогите во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина во неделата. Според новите информации од американските медиуми, досегашните наоди не укажуваат на кривично дело.

Нејзиното тело беше пронајдено безживотно во стан во Гринвил, Јужна Каролина, околу 13:50 часот по локално време.

По дојава од познаник на починатата актерка, службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот.

„По пристигнувањето беше дадена медицинска помош, но лицето, подоцна идентификувано како Хајден Панетиер, беше прогласено за мртво на местото на настанот“, изјави портпарол на полицијата во Гринвил за NBC News.

Локалните власти потврдија дека истрагата е во тек, но дека досегашните наоди не укажуваат на кривично дело.

„Случајот го истражува Полициската управа на Гринвил во соработка со Канцеларијата на мртовечникот на округот Гринвил. Прелиминарната истрага не откри никакви знаци на насилна смрт или сомнителни околности. Повикот на 911 го упатил познаник на г-ѓа Панетиер“, соопшти полицијата.

Причината за смртта сè уште не е објавена. Портпаролката на актерката, Кејси Кичен, кратко изјави дека истрагата е во тек и дека наскоро се очекуваат повеќе детали. Според TMZ, Панетиер пристигнала од Лос Анџелес еден ден пред трагедијата со својот партнер Брајан Хикерсон.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести