back to top
15 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

САБАЛЕНКА БРУТАЛНА! Првата тенисерка во светот ја победи кинеската тенисерка за 54 МИНУТИ и го продолжи својот поход во Синсинати!

Други наслови

Сабаленка уште еднаш ја покажа својата сила, ја победи Кинезинката без да изгуби брејк и се пласираше во осминафиналето.

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка денес се квалификуваше за осминафиналето на турнирот во Синсинати , откако ја победи 36-тата тенисерка во светот, Кинезинката Ксиња Ван, по два сета со 6:1, 6:3.

Тенисерката број еден во светот победи по 54 минути.

Таа четири пати ѝ го одзеде сервисот на противничката, која не успеа да направи ниту еден брејк.

Сабаленка ќе игра против Чехинката Сара Бејлек, која во третото коло ја победи Русинката Екатерина Александрова со 4:6, 6:1, 6:2.

Арина Сабаленка

Чешката тенисерка Марија Бузкова се квалификуваше во осминафиналето откако го победи  Ива Јовиќ со 7:6, 7:6.

Нејзина противничка ќе биде Американката Коко Гоф, која ја победи својата сонародничка Ен Ли со 6:1, 7:6.

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим е исто така во осминафиналето , со победа против Аргентинецот Хуан Мануел Серундол со 7:5, 6:1.

Тој ќе игра против Американецот Франсис Тиафое, кој го победи сонародникот Лернер Тиен со 6:4, 4:6, 6:4.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести