back to top
19.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Два обиди за напад врз авионот на Зеленски

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија во последните недели двапати се обидела да го нападне авионот со кој патувал со дронови.

„Мојот претседателски авион беше во Молдавија и затоа ја нападнаа . Кога се враќавме дома, повторно преку Кишињев , тие го направија истото“, рече тој во интервју за Си-Би-Ес њуз.

Според него, за време на враќањето од Молдавија претходно овој месец, едно или две беспилотни летала влегле во молдавскиот воздушен простор , што претходно не било пријавено.

Зеленски рече дека го смета инцидентот за дел од стратегијата на Русија да го заплаши него и другите странски лидери.

Зборувајќи за нападот со руски дрон врз патнички воз во близина на украинско-полската граница , кога во него се наоѓале високи странски функционери, вклучувајќи го и поранешниот директор на ЦИА , Дејвид Петреус, Зеленски изрази мислење дека руските сили знаеле кој патувал во тој воз.

„Можеби не знаеле дека таму има некои Американци, или можеби, напротив, знаеле. Не им верувам. Мислам дека знаеле. Токму затоа што Европејци, Американци, голема делегација биле во тој воз, тие нападнале“, верува Зеленски.

Авионот што Зеленски требаше да го користи за да се врати во Украина од Молдавија полета доцна.

Според изворот на украинскиот портал „Суспилне“ од канцеларијата на претседателот на Украина, авионот со Зеленски не бил во воздух во моментот на движењето на рускиот дрон, туку останал на земја додека украинската страна го следела движењето на дроновите.

Молдавските власти подоцна објавија дека дронот подоцна се урнал и експлодирал на околу 160 километри од меѓународниот аеродром Кишињев.

Во исто време, молдавските власти не го потврдија претходното тврдење на норвешкиот премиер Јонас Гар Стере дека авионот на украинскиот претседател наводно „за малку избегнал“ удар од дрон.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести