back to top
25.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Еднонасочни улици, велосипедски патеки и нови паркинзи – нов сообраќаен режим во Аеродром

Други наслови

Општина Аеродром започна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во населбите Мичурин и Стар Аеродром, кој предвидува воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.

Проектот ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, а целта е подобро и поефикасно искористување на уличниот простор и поорганизирано движење на возилата.

Според Општината, во Стар Аеродром се предвидуваат околу 200 паркинг-места, додека во Мичурин се планирани 215 нови паркинг-места.

Со новата организација на сообраќајот треба да се обезбеди подобра распределба на просторот меѓу возачите, велосипедистите и пешаците, како и подобри услови за велосипедски сообраќај.

Од Општина Аеродром велат дека продолжуваат со подготовка на конкретни решенија за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести