back to top
18.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Гаши-Хилал: Зајакнување на соработката за родова еднаквост и унапредување на учеството на младите

Други наслови

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ) во пресрет на утрешниот настан „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија“.

На средбата разговараа за актуелните прашања и предизвици поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост, зајакнувањето на учеството на младите во јавниот и политичкиот живот, како и за создавањето услови за нивно активно и рамноправно вклучување во процесите на носење одлуки.

Посебно внимание беше посветено на предизвиците со кои се соочуваат жените и младите во дигиталниот простор, вклучително и дигиталното насилство и различните форми на дискриминација. Во тој контекст, беше истакната потребата од континуирано унапредување на институционалните механизми за превенција и заштита, како и од подигнување на свеста за препознавање и спречување на сите форми на насилство и нееднаквост.

Во текот на средбата се разговараше и за влијанието на родовите стереотипи врз можностите за рамноправно учество на жените во јавниот живот, како и за значењето на создавањето средина во која жените и младите ќе имаат еднакви можности да придонесуваат во демократските процеси и во креирањето на политиките.

Соговорниците се со согласија дека Собранието, во соработка со Интерпарламентарната унија, ќе работот на зајакнување на институционалната соработка и размена на искуства и добри практики. Заедничката посветеност на овие прашања е од особено значење за градење општество во кое еднаквоста, инклузивноста и почитувањето на човековите права ќе бидат темелни вредности.

Продолжувањето на соработката со ИПУ претставува важен придонес кон создавањето побезбеден, порамноправен и поинклузивен простор за жените и младите, со цел тие активно да учествуваат во јавниот живот и да имаат можност да го дадат својот целосен придонес во развојот на демократското општество.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести