Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат:
· поради дефект на приклучна цевка на Мексичка 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
