back to top
16.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Првиот заменик-претседател на Владата Сали, премиерот Мицкоски и владина делегација присуствуваа на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН

Други наслови

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Њујорк, заедно со претседателот на Владата и владината делегација, присуствуваше на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Генералната дебата започна во 10:00 часот по локално време и ги собра шефовите на држави, високите претставници на владите и меѓународните организации од целиот свет.

Учеството на овој значаен меѓународен форум претставува можност за афирмирање на приоритетите на Северна Македонија, зајакнување на меѓународните партнерства и промовирање на дијалогот, соработката и мултилатерализмот.

За време на престојот во Соединетите Американски Држави, министерот Сали ќе учествува на средби и активности со претставници на меѓународните институции и со партнерите на земјата, со фокус на европската перспектива на Северна Македонија, регионалната соработка, одржливиот развој и создавањето подобри можности за идните генерации.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести