back to top
16.8 C
Skopje
среда, 23 септември , 2026

Казнен механизам: Италија останува под мерките на ЕУ

Други наслови

Италија нема да може да ја напушти постапката на ЕУ поради прекумерен буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат потврди дека дефицитот во 2025 година изнесувал 3,1 процент од БДП, односно дека останал над клучната граница од три проценти.

Излегувањето од казнениот механизам би ѝ овозможило на Италија да ја искористи флексибилноста на правилата на Унијата и да го активира таканаречениот „дополнителен дефицит“ (екстра дефицит) од вкупно 36 милијарди евра за две години (14 милијарди за енергија и 22 милијарди за одбрана), без овие пари да ги прекршат критериумите на Пактот за стабилност и раст на ЕУ, објавува „Соле 24 Оре“.

Сепак, Италија остана во режим на прекумерен дефицит, што значи дека секое дополнително задолжување ќе биде целосно вброено во вкупниот долг и ќе го забави излегувањето од постапката на ЕУ.

Главниот виновник за неуспехот да се намали дефицитот на Италија под три проценти е повторно контроверзната програма за даночни олеснувања за реновирање на недвижности.

И покрај тоа што стапката на субвенции беше намалена од првичните 110 на 65 проценти, последниот бран на барања и евидентирани измами во системот ја зголемија цената на оваа програма на 8,1 милијарди евра во 2025 година, четири пати повеќе од првичните проценки.

Затоа, владата во Рим мора да почека до следната година за да изврши ревизија врз основа на индикаторите за 2026 година, каде што се проценува дефицит од 2,7 до 2,8 проценти од БДП.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести