back to top
16.8 C
Skopje
среда, 23 септември , 2026

Петрушевски: Ќе го вратиме старото уставно име штом ќе се создадат услови

Други наслови

На прашањето на членот на СДСМ Андреј Жерновски кога ќе го вратат старото уставно име на земјата, како што беше ветено во изборната кампања за последните парламентарни избори, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговори дека „штом се создадат услови“.

Во емисијата „Директно“ тој му порача на Жерновски да разговара со колегите во Собранието за да го поддржат предлогот и потребниот Бадентер преку пратениците на ДУИ.

„Ова се предусловите: двотретинско мнозинство и Бадентер. Политички ми одговара, немам потреба да го кажувам ова, но вие велите дека граѓаните биле излажани и гласале за ВМРО-ДПМНЕ затоа што ВМРО-ДПМНЕ ветила, иако сè уште не сме ја виделе официјалната регистрација. Се додека мислите дека граѓаните биле излажани и дека добро владеете, нам ни одговара, но многу грешите.
Граѓаните ве казнија за вашите погрешни политики и за сè што направивте и не направивте. Тие гласаа за нас поради програмата што се нудеше преку проекти и ќе продолжи да се нуди“, рече Петрушевски во дебатната емисија.

Пратеникот додаде дека Преспанскиот договор не бил само за членство во НАТО. Тој смета дека било можно да се влезе во НАТО и без Преспанскиот договор, доколку ги исполниме стандардите на најголемата воена алијанса.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести