back to top
14.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Експлозија разнесе станбена зграда: Пет лица се водат како исчезнати, неколку се повредени – драматични сцени во Атина (ВИДЕО)

Други наслови

По силна експлозија во туристичката зона во центарот на Атина, се урна станбена зграда, а пет лица се водат како исчезнати.

Во инцидентот беа повредени три лица, а оштетени беа и околните згради и возила во историскиот дел од градот . 

Експлозијата се случила во двокатна зграда во Плака, недалеку од Акропол и храмот на Зевс, а причината за инцидентот засега е непозната, пренесува Ројтерс.

Зградата беше речиси целосно уништена. Деформирани метални делови, уништени балкони и бетонски плочи што висеа од конструкцијата останаа на местото на експлозијата. Силата на детонацијата исфрли камења и стакло што летаа до три блока подалеку.

Противпожарните екипи бараат пет лица, вклучувајќи и постара двојка која живеела во урнатата зграда , изјави официјален претставник за Ројтерс. Според полицискиот службеник, дел од зградата бил наменет за туристичко сместување.

Плака е една од најпосетуваните области во Атина, со голем број хотели и објекти за краткотраен изнајмување. Тесните улички се полни со кафулиња и продавници за сувенири, низ кои секојдневно поминуваат голем број туристи. Пожарникарите и екипите за итни случаи излегоа на терен во раните утрински часови, додека чадот се ширеше над историските споменици.

„Беше како целата зграда, целиот блок, да одлета во воздух. Беше толку силно“ , рече локалниот жител Андреас Марклис.

Властите потврдија дека еден минувач е повреден. Во исто време, две жени кои биле заробени во соседната зграда биле спасени и префрлени во болница, каде што добиле помош.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести