back to top
14.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Студентите бараат повисок износ за оброк и субвенциониран меѓуградски превоз, Јаневска рече дека иницијативите ќе бидат разгледани

Други наслови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека Министерството ќе ја разгледа најавената иницијатива на студентските организации за зголемување на сумата од 140 денари за субвенциониран студентски оброк.

„Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите, како и сите досега, и по тоа внимателно разгледување ќе одговориме во рамките на нашите можности“, рече Јаневска и додаде дека по анализата на студентите јавно ќе им биде одговорено.

Студентите најавија и иницијатива за субвенционирање на меѓуградскиот превоз за оние што секојдневно патуваат на настава, поради повисоките цени на билетите.

Јаневска рече дека и ова барање ќе биде разгледано откако официјално ќе пристигне во Министерството, а одговорот ќе зависи од буџетските можности и од надлежностите на институцијата. Министерката одговараше на новинарски прашања при посетата на Машинскиот факултет по повод Европската ноќ на истражувачите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести