Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли најновиот предлог на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец и го нарече неприфатлив.
„Го отфрлам нивниот предлог“, рече Трамп кога новинарите го прашаа што мисли за планот на Иран, кој ветува брзо отворање на теснецот и продолжување на преговорите за нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на поморската блокада од страна на САД и прекинување на другите економски санкции.
Потоа додаде:
„Тие се подготвени веднаш да го отворат теснецот само за да постигнат договор, бидејќи губат на сите фронтови. Тие сакаат договор и мислам дека тоа е во ред. И јас сакам да склучувам договори, но тој договор не би бил прифатлив“, изјави тој.
Предлогот, презентиран на САД преку медијатор претходно оваа недела, бара од САД да исполнат одредени услови во рок од седум дена за да ги обноват преговорите и да го отворат теснецот.
Според планот на Иран, непријателствата би биле запрени на сите фронтови, вклучително и на Либан, додека за возврат САД треба да ја укинат блокадата на иранските пристаништа, да ги ослободат замрзнатите ирански средства и да ги укинат санкциите за нафта.
