back to top
20.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Милијардер обвинет за предавство во Украина доби српско државјанство и купи имот во Хрватска

Други наслови

Вадим Владиславовиќ Новински (63), украински милијардер и олигарх, кого властите во Киев го бараат за наводни врски со Русија и предавство, неодамна стана српски државјанин.

Човекот чие богатство се проценува на 1,2 до 1,4 милијарди долари е етнички Русин, роден на територијата на сегашна Руска Федерација, но добил украинско државјанство каде што стекнал и огромно богатство.

Но, нападот на Русија врз Украина ја искомплицира ситуацијата на Вадим Новински, па тој мораше да избега бидејќи властите во Киев го обвинија за предавство и агитација во корист на Русија. По него е издадена потерница, но контроверзниот тајкун, во најголем дел, се движи непречено.

Имено, како што објави Радио Слободна Европа во април оваа година, Новински купил имот во Самобор, во близина на Загреб, и таму го регистрирал своето живеалиште. Тој го купил имотот од хрватскиот бизнисмен Томислав Хорватинчиќ и платил 10 милиони евра за него, објавува Нова.хр.

Новински едно време беше член на Рада (украинскиот парламент), а беше и активен во Украинската православна црква, за која властите во Киев се сомневаат дека одржува блиски контакти со Руската православна црква и дека всушност работи во корист на Русија.

Врските на Новински со Русија, кој всушност е етнички Русин, го чинеа потерница за предавство и санкции.

Тој се сретнал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во 2017 година бидејќи бил заинтересиран за соработка со Бродотрогир, а тие повторно се сретнале во 2018 година, кога темата била можна инвестиција од украински олигарх во групацијата Уљаник, според Dnevnik.hr .

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести