back to top
22.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Трамп: САД ќе ја добијат војната со Иран „на еден или друг начин“, цените на горивата ќе паднат

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите дека во понеделник, претставници на Соединетите Американски Држави (САД) разговарале со медијатори кои се обидуваат да ја прекинат војната на Вашингтон против Иран.

Во своето обраќање до печатот, Трамп рече дека САД ќе ја добијат оваа војна „многу брзо“.

„Ќе победиме. Според мене, тоа ќе се реши на еден или друг начин. Ќе се случи доста брзо“, рече Трамп во Овалната соба.

Трамп, исто така, рече дека цените на горивата нагло ќе паднат откако Америка ќе ја добие војната.

Ве потсетуваме дека за време на викендот, Трамп го отфрли предлогот на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец и го нарече неприфатлив.

„Го отфрлам нивниот предлог“, рече Трамп кога новинарите го прашаа што мисли за планот на Иран, кој ветува брзо отворање на теснецот и продолжување на преговорите за нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на поморската блокада од страна на САД и прекинување на другите економски санкции.



YouTube Video Thumbnail

Најнови вести