back to top
9.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

„Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Други наслови

„Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче.

Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница.

Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести