Само пред неколку години, Џули Бовен навести дека се „пензионира“ кога станува збор за мажи, но сега си најде ново момче.
Актерката од „Модерно семејство“ Џули Бовен (56) се појави на годишното доделување на наградите „Step Up’s 2026 Annual Inspiration Awards“ во Лос Анџелес, каде што ексклузивно за списанието „People“ откри дека има ново момче.
„Имам прекрасен пријател“, рече Бовен, но засега не сака да го открие неговиот идентитет.
Таа го опиша своето момче како„паметно и забавно“ , додавајќи: „Ми треба интелигенција и хумор. Тоа се двата квалитети што ги барам кај партнерот.“

„Не ми е гајле како изгледаат луѓето – иако тој е убав . Но, навистина не ми е гајле како изгледа некој. Ме привлекува интелигенцијата.“

Бовен претходно беше во брак со Скот Филипс. Тие се венчаа во септември 2004 година, а по 13 години брак се разделија . Разводот официјално беше финализиран во септември 2018 година. Бовен и Филипс, кој се занимава со инвестиции во недвижнини, имаат три сина: 19-годишниот Оливер и 17-годишните близнаци Густав и Џон.
Иако по разводот секогаш велеше дека завршила со излегувањата и дека повеќе нема намера да излегува со мажи, се чини дека го прекршила своето правило…
