back to top
23.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Сали на Конференцијата за Западен Балкан во Виена: Европската интеграција треба да создава конкретни можности за граѓаните

Други наслови

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер.

Во дискусиите за иднината на Западен Балкан, министерот Сали истакна дека процесот на проширување треба да носи видливи придобивки за граѓаните и пред членството. Посебен акцент стави на младите и на потребата од повеќе можности за образование, стручна обука, практикантство, истражување и размена со европските партнери.

„За нашите млади, европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја“, истакна Сали.

Говорејќи за постепената интеграција, министерот ги посочи олеснувањето на трговијата преку Зелените коридори, учеството во СЕПА и дигиталната соработка како примери за конкретните придобивки што приближувањето кон Европската Унија може да им ги донесе на граѓаните и компаниите. Тој нагласи дека поширокото учество во програмите, политиките и единствениот пазар на ЕУ треба да се заснова на јасни критериуми, спроведени реформи и почитување на владеењето на правото.

Министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на реформите и на членството во Европската Унија. Воедно, повика процесот на проширување да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок на земјите кандидати да се оценува според објективни европски критериуми.

На крајот, министерот Сали ѝ се заблагодари на Австрија за организацијата на конференцијата и за континуираната поддршка на европската перспектива на Западен Балкан.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести