Бизарна теорија на заговор се прошири низ социјалните мрежи и форуми во Бразил, според која ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, наводно исчезнал и бил заменет со двојник.
Застапниците на теоријата тврдат дека промената е направена со цел да се испочитуваат неговите договори за спонзорство од повеќе милиони долари.
Корисниците на TikTok и форумите ги наведуваат наводните естетски промени на лицето и недостатокот на препознатливи тетоважи на бутот за време на репрезентативниот собир како „клучен доказ“.
Теоријата брзо отиде во крајности, вклучувајќи тајни служби, светски елити и вонземјани.
„Една сосема луда теорија на заговор тврди дека ЦИА, Ротшилдовите и елитите го убиле и го замениле Винисиус по Светското првенство“, напишал корисник под прекарот BlackBondPtv.
Некои теоретичари отидоа чекор понатаму, поврзувајќи сè со наводна инвазија на влекачи за време на турнирот.
Бразилската пророчица Во Баијана, исто така, долеа масло на огнот.
„Морам да ви кажам дека повторно сонував вонземјани како го напаѓаат фудбалскиот терен во Мајами. Јасно ги видов како ги одведуваат играчите на првиот брод што пристигна“, рекла таа во видеото.
Сепак, во околината на познатиот фудбалер и во Реал Мадрид, овие лажни вести и бизарни интернет шпекулации се целосно игнорирани.
