back to top
22.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Русија предупредува на нуклеарен одговор во случај на каква било блокада на Калининград

Други наслови

Русија денес предупреди дека секој обид на Обединетото Кралство или на НАТО да го блокираат регионот Калининград ќе наиде на одговор со употреба на сите средства, вклучително и нуклеарно оружје.

Во соопштение објавено на „Телеграм“, руската амбасада во Лондон го изнесе овој став како одговор на извештаите во британските медиуми во кои се разгледуваше можноста за блокада на Калининград од страна на НАТО или за непризнавање на рускиот суверенитет над тој регион.

„Оние што заговараат планови за блокада на Калининград или за изведување напад врз него, не треба да имаат илузии за последиците. Секоја воена акција на Обединетото Кралство или на НАТО против руска територија ќе наиде на одговор со употреба на сите средства со кои располага Русија, вклучително и нуклеарно оружје“, се нагласува во соопштението.

Амбасадата повтори дека Русија „не бара конфронтација со НАТО и Европа и нема намера да ги напаѓа“, додавајќи дека оние што ќе одлучат да започнат таков конфликт „не треба да имаат никакви илузии“ дека Русија соодветно ќе одговори.

Регионот Калининград е руска ексклава на Балтичкото Море, сместена меѓу Полска и Литванија, која е одвоена од матичниот дел на Русија преку литванска територија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести