back to top
23.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Во Скопје отворена изложбата „Патот до слободата“ по повод 250 години од независноста на САД

Други наслови

Во Скопје денес беше отворена изложбата „Road to Liberty“ („Патот до слободата“), посветена на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.

На настанот присуствуваа претставници на Градот Скопје, вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс, како и претставници на Амбасадата на САД и Американското катче во Скопје.

Изложбата преку историски приказни, идеи и интерактивни содржини ја претставува историјата на САД и ги истакнува вредностите на слободата, еднаквоста и човековото достоинство, со посебен фокус на младите.

„Настанот е уште една можност за зајакнување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и САД, како и за создавање нови можности за културна размена, знаење и поврзување на младите“, соопштија од Градот Скопје.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести