back to top
23.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

„Вечното ехо на Бадев“: Концерт за незаборав во МНТ

Други наслови

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.

Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.

На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувачi, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.

Концеротот ќе се оддржи на 16.10.2026 година во 19:30 часот во МНТ.

Влезници: kupikarta.com

„Ги покануваме сите љубители на изворната македонска песна и почитувачи на ликот на Никола Бадев да бидат дел од оваа незаборавна вечер и заедно да го зачуваме ехото што трае со генерации. Бидете дел од традицијата што живее“, порачува организаторот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести