Таен станбен комплекс за богати затвореници е откриен во затворот Цибинонг, во индонезиската покраина Западна Јава.
Откритието е направено за време на ненадејна инспекција од страна на Националниот омбудсман.
Комплексот содржел повеќе од 10 соби, кои личеле на вили, градски куќи и апартмани.
Тие беа опремени со клима уреди, плазма телевизори, фрижидери и скап мебел, пишува theguardian .
Според властите, собите главно биле окупирани од службеници осудени за корупција.
За затворениците беа изградени и теретана и базен, додека во близина на комплексот се градеше мало голф игралиште.
При увидот, откриена е и неотклучена врата во близина на комплексот, која им овозможувала на луѓето да влегуваат и излегуваат од затворските простории заобиколувајќи го главниот контролен пункт.
