back to top
17.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Германија врши притисок врз ЕУ за Балканот: Не го исполнивме она што го ветивме

Други наслови

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика земјите-членки на Европската Унија да ги исполнат своите ветувања за проширување на Западен Балкан.

Тој предупреди дека ЕУ го ризикува својот кредибилитет и влијание во регионот ако не го забрза процесот.

„Процесот на проширување на ЕУ е на пресвртница“, изјави Вадефул пред новинарите по состанокот одржан во рамките на Берлинскиот процес, каде што ЕУ и земјите од Западен Балкан разговараат за економска интеграција, инфраструктура и регионално помирување.

Вадефул потсети дека ЕУ, на самитот во Солун во 2003 година, им ветила на земјите од Западен Балкан членство во унијата, пишува politico.

Тој се осврна и на напорите на Германија, истакнувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес во 2014 година, со цел забрзување на интеграцијата. Сепак, дури и по уште 12 години, според него, нема конкретен напредок.

„Не го исполнивме она што го ветивме“, рече германскиот министер. „Би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е вистина, дека сме доверливи и дека Европа може да биде партнер на кој можете да се потпрете“, додаде тој.

Вадефул, исто така, ги спомена геополитичките ривали кои се натпреваруваат со ЕУ за влијание во регионот, алудирајќи на Русија и Кина.

Црна Гора во моментов е земјата што најмногу напредуваше во процесот на проширување и има за цел да стане 28-ма членка на ЕУ во 2028 година. /

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести