back to top
5.8 C
Skopje
сабота, 3 октомври , 2026

„Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“: Настан за миленичињата и бездомните животни во Кисела Вода

Други наслови

Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје утре во паркот „Македонија“, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“, организираат настан посветен на миленичињата и бездомните животни.

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните.

Програмата започнува во 11 часот, а паркот ќе биде претворен во интерактивна зона за посетителите и нивните миленици. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринар за здравствената грижа и исхраната на животните.

Професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња, а ќе има и презентации на храна и реквизити од пет-шопови.

Во рамките на настанот, заинтересираните граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“.

Во 19 часот, на истата локација, пред киното „Киноверзум“, ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“. Граѓаните се поканети да го проследат филмот во друштво на своите миленици, информираат од Општина Кисела Вода.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести