Семејството Бекам се собра на Неделата на модата во Париз за да ја поддржи Викторија за време на презентацијата на новата колекција. Сепак, настанот беше засенет од отсуството на најстариот син Бруклин и неговата сопруга Никол, кои престојуваа во Париз, но не се појавија.
Дејвид Бекам седна на првиот ред на ревијата во историската зграда „Консиержи“, поддржувајќи ја својата сопруга Викторија, заедно со ќерката Харпер, синовите Круз и Ромео и нивните партнери.
Викторија Бекам се појави во елегантно одело во чоколадно кафеава боја, а реакциите на присутните и фотографиите сведочат дека таа го дочека крајот на модната ревија со видливи емоции. Членовите на семејството, меѓу кои Харпер и Круз и партнерките на Ромео – Џеки Апостел и Ким Тернбул – ги носеа креациите со потпис на Викторија.
Сепак, и покрај празничното расположение, настанот беше засенет од отсуството на најстариот син, 27-годишниот Бруклин.
Односите во семејството Бекам дополнително се влошија откако Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц не присуствуваа на ревијата на Викторија, иако престојуваа во Париз, на само неколку километри оддалеченост.
Брачната двојка присуствуваше на други модни настани, како што се ревиите на „Баленсијага“ и „Месика“, но избегнуваше да се сретне со остатокот од семејството.
Извори блиски до семејството наведуваат дека односите се уште се исклучително затегнати, и дека двете страни се обидуваат да избегнат директен контакт за да избегнат нови несогласувања.
Бруклин претходно се судри со своите родители откако ја пропушти забавата по повод 50-тиот роденден на својот татко, а ситуацијата дополнително ја влошија неговите објави на социјалните мрежи во кои упати низа обвинувања против своите родители.
И покрај приватните проблеми, деловната година за Викторија Бекам беше исклучително успешна. Според неодамна објавените финансиски извештаи, нејзиниот бренд оствари оперативен профит од 7,3 милиони фунти, со голема побарувачка за козметички производи што се распродадоа за кратко време.


