back to top
24.8 C
Skopje
сабота, 3 октомври , 2026

Под контрола е пожарот крај пругата во Прилеп

Други наслови

Под контрола е ставен пожарот што избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата на Прилеп.

Како што информираат од ЈП „Комуналец“, пожарот избувнал крај железничката пруга, во близина на Стопанскиот двор на Комуналец.

Нема никаква опасност и пожарот не може да се прошири и да го загрози платото за доселекција на селектираниот отпад, уверуваат надлежните од ЈП „Комуналец“.

На терен се дејствува со неколку противпожарни возила на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, како и со вработени од Комуналец, кои дејствуваат со цистерни и градежна механизација.

Според информациите на јавното комунално претпријатие, пожарот бил предизвикан веднаш по поминувањето на возот на релација Прилеп – Битола.

Од Стопанскиот двор на Комуналец зафатен е мал дел, исклучиво покрај пругата. Пожарот веќе е ставен под целосна контрола, а засега не се познати причините за неговото настанување.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести