Студено и ведро утро, а потоа сончево и релативно топло време нè очекува денеска. Температурите ќе се движат од -3 до 8 степени во утринските часови, додека максималната дневна температура ќе достигне од 20 до 28 степени.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 26 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), релативно топлото време ќе продолжи и во следните денови. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот ќе преовладува сончево време.
Од четврток се очекува зголемување на облачноста и услови за локален дожд, а утринските температури постепено ќе се зголемуваат.
