back to top
24.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Димитриевски: За идентитетот, јазикот и културата нема да преговараме

Други наслови

Движењето ЗНАМ одржа средба со граѓаните во Гостивар, на која под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“ беа презентирани резултатите од досегашната работа.

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во обраќањето пред сопартијците се осврна на реализираните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, како и на европската интеграција.

Тој посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат во општините.

„Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура“, рече Димитриевски.

Тој се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора директно да го почувствуваат граѓаните.

Говорејќи за европската интеграција и односите со Бугарија, Димитриевски рече дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура.

Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

„Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“, рече Димитриевски.

Пред гостиварци зборуваше и пратеникот Павле Арсоски, кој се осврна на актуелните политички процеси и работата на Собранието.

Поранешниот министер за правда Игор Филков во обраќањето ги посочи реформите во правосудството и владеењето на правото.

Обраќање имаше и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести