back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Бензинот во Европа е поскап за 171 процент од почетокот на годината

Други наслови

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми за 171 процент од почетокот на годината, покажуваат податоците од стоковите берзи. Референтниот холандски TTF гас на крајот од неделата чинеше 76,36 евра за мегават час.

Цените на бензинот пораснаа и во Велика Британија, за 159 проценти. Ценатана мазутот на американската берза се зголеми за повеќе од двојно (+115 проценти), абензинот е поскап за 94 проценти.

Барелнафта од типот Брент во петокот чинеше 102,7 долари, што е за 69 проценти повеќе отколку на почетокот на годината, а американската нафта WTI беше 91,26 долари, со зголемување од 59 проценти.Цената на јагленот се зголеми за 39 проценти.

Проблем во рафинериите

Цената на нафтата падна во петокот откако земјите од Г7 преку Меѓународната агенција за енергија објавија пуштање на 100 милиони барели дизел и други резерви на пазарот.

Цените нагло пораснаа еден ден претходно откако Кина го суспендираше извозот на гориво и се зголемија тензиите меѓу САД и Иран.

Како што објавува специјализираниот портал „ЕнерџиНау“, проблемот повеќе не е самата сурова нафта, туку готовото гориво. Прекините во рафинериите на Блискиот Исток и Русија го намалија снабдувањето со дизел и други деривати.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести