back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Генералка на Камениот мост и Плоштадот „Македонија“: оттука туристите ја понесуваат својата прва слика за Скопје, вели градоначалникот Ѓорѓиевски  

Други наслови

Голема акција за чистење градските служби денес спроведуваат во најстрогиот центар на градот. Се чистат Камениот мост и плоштадот.

„Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град. Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот.  Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички“ вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

 Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за целиот простор повторно да добие уреден и достоинствен изглед.

 Дополнително, од Град Скопје нагласуваат дека привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести