Драган Стојковиќ Пикси наскоро би можел да се врати на тренерската работа, бидејќи наводно добил понуда од Лос Анџелес од МЛС лигата
Како што тврди „Макс Спорт“, поранешниот селектор на Србија треба да отпатува во Соединетите Американски Држави на клучни разговори.
Стојковиќ, според информациите на овој извор, веќе воспоставил контакт со претставниците на клубот, а двете страни се отворени за соработка. Следниот чекор треба да биде средба во Америка, каде што би се разговарало за условите на потенцијалниот ангажман и времетраењето на договорот.
Доколку се постигне договор, Стојковиќ би се вратил во клупскиот фудбал по речиси една година пауза од тренерската работа.
Лос Анџелес моментално е на шестото место во Западната конференција на МЛС. По 28 одиграни натпревари, тие имаат 41 бод, со 11 победи, осум нерешени резултати и девет порази.
Посебно внимание привлекува фактот дека една од најголемите ѕвезди на овој тим е Хјун-мин Сон , поранешен напаѓач на Тотенхем и во еден период најдобар стрелец во англиските првенства и 11-ти во трката за „Златната топка“.
Регуларниот дел од сезоната во МЛС завршува на 7 ноември, додека почетокот на плејофот е закажан за 18 ноември. Големото финале треба да се игра на 18 декември.
Стојковиќ го водеше последниот натпревар на српската клупа во ноември минатата година, кога „орлите“ беа поразени од Албанија со 0:1 во квалификациите за Светското првенство во Лесковац.
За време на неговиот мандат како главен селектор на Србија, Стојковиќ успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар во 2022 година, како и за Европското првенство во Германија во 2024 година.
Со репрезентацијата, тој исто така избори пласман од Б-дивизијата на Лигата на нации во елитниот ранг, а потоа и опстанок во највисокиот ранг преку двомеч со Австрија.
