Северна Македонија е над европскиот просек во однос на процентот на работоспособно население.
Во нашата земја, 59,5% од населението е работоспособно, односно од 20 до 64 години, додека во Европската Унија оваа категорија сочинува 58,3% од населението, покажуваат податоците на Евростат, пренесува „ТВ21“.
Меѓу осумте плански региони на Северна Македонија, највисок процент на работна способност има во Полошкиот регион, со 61,6%, додека најнизок е во Скопскиот регион, со 58,3%.
Во ЕУ, процентот на работоспособно население е највисок во 22 региони на Германија, со 63,0%, како и во некои региони на Данска и во островските региони на Шпанија.
Спротивно на тоа, во 189 региони на ЕУ, населението на работоспособна возраст сочинува помалку од 55,0% од вкупното население.
Овие региони се претежно рурални и вклучуваат внатрешноста на Португалија, големи рурални области на Франција, поголемиот дел од Источна Германија, како и рурални територии во Бугарија, Грција и нордиските земји.

