back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

„Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата“, велат од Левица

Други наслови

„Владата по вторпат годинава го прекројува Буџетот, намалувајќи ги приходите и расходите за по околу 5,3 милијарди денари, односно над 86 милиони евра. Иако намалените приходи од ДДВ и акцизи за горивата се посочуваат како главна причина, слабата реализација на повеќе буџетски ставки укажува на поширок проблем со планирањето и извршувањето на јавните финансии. Повторното менување на проекциите е показател за нереално планирање и отсуство на предвидлива фискална политика“, велат од партијата Левица.

„Најголемиот удар го трпат капиталните инвестиции, кои се намалуваат за над 94 милиони евра. При реализација од само 54% заклучно со 8 ноември, Владата наместо да ги забрза проектите и да ги отстрани причините за нивната слаба реализација, повторно ги намалува сопствените цели. Одложените инвестиции значат одложен развој, помала побарувачка за домашните компании и пропуштени можности за создавање економска вредност.

Истовремено, буџетскиот дефицит достигнува 4,1% од БДП, односно 46,3 милијарди денари, додека проекцијата за економски раст се намалува од 3,8% на 3,5%. Намалувањето на буџетските приходи и расходи не го решава фискалниот проблем: државата продолжува да троши повеќе отколку што прибира, а разликата ја покрива преку задолжување.

Постојаното прекројување на Буџетот не е одговорно управување со јавните финансии, туку признавање на неуспехот да се реализираат првично планираните цели. Последиците ги трпат граѓаните преку одложени инфраструктурни проекти и пропуштени можности за унапредување на јавните услуги. Јавните пари мора да се претвораат во подобар животен стандард, продуктивност и развој, а не во нереализирани проекции што Владата дополнително ги намалува за да ја прикрие разликата меѓу планираното и постигнатото“, соопшти партијата Левица.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести