Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД „можеби отишле предалеку“ во таргетирањето на раководството на Иран, велејќи дека Вашингтон сега има тешкотии да утврди со кого може да преговара.
„Можеби сме отишле предалеку со лидерите затоа што повеќе не знаеме со кого, по ѓаволите, имаме работа“, рече Трамп на предизборен митинг во Јангстаун, Охајо, објави Фајненшл експрес.
„Никој не сака да биде претседател на Иран “, рече Трамп, тврдејќи дека потенцијалните кандидати не се подготвени да ја преземат функцијата.
Масуд Пезешкијан е претседател на Иран од јули 2024 година.
Трамп, исто така, го повтори тврдењето дека ги загубил своите воздухопловни сили и сите 159 бродови, за кои рече дека сега „прекрасно одмараат на дното на морето“.
Неговите изјави уследија по продолжувањето на нападите врз комерцијални бродови во регионот на Заливот . Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) регистрираше најмалку 19 напади врз бродови од 1 октомври.
