back to top
10.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

„Розов пулс за Битола“: Подигнување на свеста за значењето на навремената превенција и раното откривање на ракот на дојка

Други наслови

Вчера во Офицерскиот дом во Битола се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за значењето на навремената превенција и раното откривање на ракот на дојка, преку позитивен, интерактивен и охрабрувачки пристап, а во организација на Советот за социјална заштита и Советот за женско претприемништво на Општина Битола.

Настанот ги обедини граѓаните, здравствените работници, психолозите, здруженијата и локалната заедница во заедничка порака за грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со болеста.

Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Ви благодарам за можноста да се обратам на овој важен настан и да ја искажам личната и благодарноста од име на Општина Битола што на еден ваков начин зборуваме за важноста на превенцијата, но не и за стравот, туку за животот, женската сила, надежта и заедништвото, потсетувајќи се дека грижата за сопственото здравје е чин на љубов кон себе.

Советот за социјална заштита и Советот за женско претприемништво и ние воопшто како локална самоуправа ја даваме безрезервната поддршка на ваквите настани“, истакна градоначалникот Коњановски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести