back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Сирењето, путерот и јогуртот не се толку штетни за срцето како што се мислеше претходно

Други наслови

Ново истражување покажува дека транс мастите што се наоѓаат природно во млечните производи немаат исти штетни ефекти како индустриските транс масти. Истражувањето, спроведено од научници на Универзитетот во Рединг, сугерира дека јадењето сирење, путер и јогурт не мора нужно да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Наодите би можеле да го променат перцепцијата дека сите транс масти се подеднакво штетни, пишува „Фуд Библија“.

Разликата помеѓу природните и индустриските масти

Трансмасните киселини се вид на незаситени масти. Оние што природно се наоѓаат во млекото од крави, овци и кози, а со тоа и во млечните производи, се различни од индустриските. Индустриските трансмасни киселини се произведуваат во процес на делумна хидрогенизација, што ги претвора течните масла во цврсти масти за употреба во преработена храна, како што се чипс и печива. Токму индустриските масти се силно поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Методологија и клучни наоди

Научниците анализирале 22 постоечки студии за да дојдат до своите заклучоци. Анализата комбинирала податоци од илјадници учесници од Европа, Канада и САД. Првиот дел вклучувал 10 контролирани клинички испитувања. Во нив, учесниците консумирале млечни производи со зголемена содржина на природни транс масни киселини, но истражувачите не пронашле значајни разлики во маркерите на масти во крвта во споредба со контролната група.

Вториот дел од анализата вклучуваше 12 долгорочни опсервациски студии кои ги следеа учесниците до 20 години. Овие студии, исто така, не покажаа дека повисоките нивоа на природно присутни транс масни киселини во крвта се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2.

Умерената потрошувачка е сè уште клучна

Професорот Иан Гивенс, еден од авторите на студијата, го објасни значењето на наодите.

,,Луѓето го слушаат терминот „транс масни киселини“ и веднаш помислуваат на најлошото, но оние во вашето утринско млеко, јогурт или сирење не се исти како индустриските масти“, рече тој.

„Ова истражување треба да ги увери луѓето. Млечните производи, доколку се консумираат како дел од балансирана исхрана, не се причина за загриженост за здравјето на срцето.“

И покрај овие наоди, истражувачите нагласуваат дека ова не е препорака за неограничена консумација на сирење и путер. Студијата ги испитувала само природните транс масти, а не општите ефекти од исхраната богата со млечни масти. Научната заедница продолжува да предупредува за опасностите од индустриските транс масти. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести