back to top
11.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Народниот правобранител ќе биде достапен за пријавување повреди на избирачкото право во Брвеница

Други наслови

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде отворена од 7 до 19 часот. Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивното избирачко право.

Пријавите ќе може да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082.

„Народниот правобранител ќе ги штити правата на граѓаните со преземање итни мерки за ефективно постапување на надлежните органи во изборниот процес, како и на другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, се наведува во соопштението.

Од институцијата потсетуваат дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

„Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, велат од Народниот правобранител.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести