back to top
20.8 C
Skopje
понеделник, 19 октомври , 2026

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Други наслови

Демократската унија за интеграција го поздравува резултатот постигнат од кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, на изборите за градоначалник на Општина Брвеница.

„Пласманот во вториот круг е доказ за поддршката од граѓаните и за важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што им служат на сите граѓани, без разлика на нивната припадност.

ДУИ изразува благодарност до секој граѓанин што учествуваше во изборниот процес, како и до сите оние што ја поддржаа кандидатурата на Аркин Јахији.

На Брвеница ѝ е потребна општина во која гласот на секој граѓанин ќе биде слушнат, во која инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно и во која соживотот ќе се гради врз основа на почитување и еднаквост.

Остануваме посветени, заедно со граѓаните, да продолжиме со ангажманот за правична застапеност и подобра иднина за Брвеница“, соопшти ДУИ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести