back to top
20.8 C
Skopje
среда, 21 октомври , 2026

Шасивари: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Други наслови

Грција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка.

На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.

Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести