Крајот на војната во Украина е сè поблиску, „можеби поблиску од кога било“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Кога новинарите во Белата куќа го прашаа како Русија го ослободи Американецот Стивен Хабард , тој рече дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Прашав дали можат да го пуштат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.
На прашањето дали е соодветно што американскиот специјален претставник Стив Виткоф го пофали Путин како „хуманитарец“ , Трамп одговори дека тоа е „во тој специфичен контекст“ и додаде дека самиот тој „нема да заземе страна“.
Пред почетокот на неговиот втор мандат во 2025 година, Трамп тврдеше дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа.
