back to top
21.8 C
Skopje
четврток, 22 октомври , 2026

(Фото) Унгарски екс пратеник објави фотографии од Груевски во ресторан: „Новата влада заборави на него“

Други наслови

Поранешниот унгарски пратеник Акош Хадхази објави фотографии од Никола Груевски во ресторан во Будимпешта.

Хадхази пишува дека станува збор за „националниот симбол“ на Орбан и Сијарто кој во 2018 година бил изнесен од Македонија од страна на унгарски дипломати. Вели дека земјата може да придонесе ако му се одземе политичкиот азил на Груевски и вели дека новата влада во Унгарија го заборавила поранешниот македонски премиер.

„Еден наш сонародник го фотографираше поранешниот македонски премиер, кој е меѓународно баран, а во својата земја правосилно осуден на 10 години затвор за корупција, во еден ресторан во центарот на градот. Станува збор за Груевски – „националниот симбол“ на Орбан и Сијарто, кој во 2018 година беше изнесен од земјата од страна на унгарски дипломати. Претпоставувам (се надевам) дека новата влада едноставно заборавила, но ние би можеле лесно и многу да придонесеме за расчистувањето на сметките во Македонија, доколку му го одземеме политичкиот азил, со што, симболично кажано, „апаратот за гасење пожар“ би го „симнал“ и Груевски“, напиша Хадхази.

Тој вели дека фотографиите го потсетуваат на неколку работи.

„За жал, овие фотографии ме потсетуваат на неколку работи: неопходно е што поскоро да се спречи бегството од земјата на припадниците на пропаднатата унгарска мафија;  колку и да звучи изненадувачки, луѓето на Груевски сè уште се на власт во Северна Македонија – токму затоа е потребно сериозно да се пристапи кон расчистување на сметките и дома;  олигархот на Орбан, Ласло Сиј, сè уште е на слобода, а патем, во моментов гради автопат во Северна Македонија“, напиша поранешниот пратеник.

Хадхази е унгарски ветеринар, политичар и активист против корупцијата. Како поранешен член на партијата „Фидес“, тој стана познат во 2013 година кога обелодени корупција поврзана со лиценци за тутун; подоцна беше копретседател на зелената партија ЛМП, а потоа стана независен пратеник. Познат е по разоткривањето на наводни злоупотреби на високо ниво преку порталот korrupcioinfo.hu. Тој беше пратеник во парламентот од 2016 до 2026 година, а сега е повлечен од политиката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести