„Денес сме на улицата „Јордан Мијалков“, пред уште еден пример за урбанизација што отвора прашање за хуманото живеење во Центар. Згради оддалечени едвај неколку метри, недостиг од паркинг и речиси никакво зеленило. На жителите им се одземаат просторот, приватноста и условите за достоинствен живот“, кажа Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Бетон Герасимовски, заедно со вашиот ментор Филипче, пред изборите ветувавте хуман Центар, а денес граѓаните гледаат бетонски лавиринт! Каде се зеленилото, паркинзите и конкретните решенија за подобар живот? Не може урбанистичкиот развој да се мери само со нови згради, додека потребите на жителите остануваат во втор план.
Бетон Герасимовски, време е да одговорите за резултатите од вашето раководење во Општина Центар. Кој ги штити граѓаните и нивниот квалитет на живот? Граѓаните на Центар заслужуваат општина во која ќе има простор за живеење, а не секој слободен метар да се претвора во бетон.
Центар не е парцела за градење, туку дом на граѓаните. Ветувањата поминуваат, но последиците од лошото урбанистичко планирање остануваат со години!“, изјави Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
