back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 26 октомври , 2026

(Видео) По рецептот на Вучиќ ја делат опозицијата, поделбата нема да ви успее, порача Филипче

Други наслови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека Христијан Мицкоски го применува рецептот на Александар Вучиќ за поделба и слабеење на опозицијата, преку како што рече, сателитски партии како Левица и ЗНАМ, а сега и преку новата платформа ЗНАМ 2.0.

„По рецептот на Вучиќ ја делат опозицијата. Сателит партии како Левица, ЗНАМ, коишто ги гледаме како помал приврзок на ВМРО за свои лични финансиски интереси, испорачаа тоа што требаше да се испорача, а тоа е поделба и слабеење на СДСМ од 2021 година наваму. И резултатот дојде“, изјави Филипче.

Филипче посочи дека политичкиот модел на Вучиќ е примерот според кој функционира ВМРО нагласувајќи дека политичките, бизнис и медиумските врски од регионот придонеле за создавање на таков систем.

„Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски тука кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја. И кога приказната ЗНАМ повторно престанува да функционира, никаде скоро ја нема, што прави Христијан Мицкоски? Нè дели дополнително. Нова платформа. ЗНАМ втор дел. Луѓе коишто имаат обврски кон него, затоа што имаат финансиски интереси. Тендер во железница, ПР-агенции за анкети, луѓе кои лично должат на ВМРО“, потенцираше Филипче.

Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи ваквите обиди да ја ослабнат опозицијата и нагласи дека партијата ќе продолжи да дејствува во сојуз со граѓаните.

„Јавно, јасно и гласно им порачувам, поделбата нема да ви успее. Ние сме единствената кредибилна и неконтролирана опозиција во земјава. Единствениот сојуз којшто ние засега го правиме е сојуз од граѓаните“, рече претседателот на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести