back to top
11.8 C
Skopje
вторник, 27 октомври , 2026

Штип добива нова можност за текстилот: Акција за собирање текстил на 31 октомври во општина Штип

Други наслови

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во рамки на проектот „Циркуларен текстилен Балкан“, организира акција за собирање текстил со цел да се поттикне неговата повторна употреба и преработка, наместо да заврши како отпад.

Акцијата ќе се одржи на 31 октомври 2026 година (сабота), од 11:00 до 14:00 часот, на Едносмерна улица, веднаш до катната гаража и Намата во Штип.

Граѓаните се поканети да донесат текстил што повеќе не им е потребен, кој може да добие нова намена преку повторна употреба или преработка. Со оваа иницијатива се подига свеста за поодговорно постапување со текстилот и се поттикнуваат локални практики на циркуларна економија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести