back to top
11.8 C
Skopje
вторник, 27 октомври , 2026

(Видео) Манасиевски до СДСМ: Наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор

Други наслови

Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина. Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет. Кај нив едноставно речено, работи Фројд. До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада“, рече Манасиевски.

И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, додаде тој, нека си го средат својот двор.

„Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан. Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените. Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре. Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен“, рече Манасиевски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести