Рускиот претседател Владимир Путин денес имаше телефонски разговор со лидерите на Финска и Норвешка, Александар Стаб и Јонас Гар Сторе, се наведува во соопштението од кабинетот на финскиот претседател.
Во соопштението се вели дека Стаб и Сторе го иницирале разговорот за да разговараат за агресивната војна на Русија против Украина, дипломатските напори за прекин на конфликтот и можностите за промовирање на мирот и стабилноста во Европа, пренесува „Телеграф“.
Кабинетот на финскиот претседател нагласи дека двајцата лидери учествувале во разговорот во својство на лидери на своите земји и дека не зборувале во име на Европа како целина.
Разговорот следи по претходен извештај на „Блумберг“, според кој се очекуваше Путин да разговара со Стаб и Сторе за можноста за постигнување мировен договор за Украина уште денес.
Кремљ изјави дека ниту ќе ја потврди, ниту ќе ја негира информацијата за планираниот разговор.
