back to top
10.8 C
Skopje
вторник, 27 октомври , 2026

Утре променливо облачно со сончеви периоди, ветерот ќе достигне над 60 километри на час

Други наслови

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести