back to top
11.8 C
Skopje
петок, 30 октомври , 2026

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, велат од СДСМ

Други наслови

„Димитар Апасиев, заедно со Реџеп Исмаил-Хактан и Александар Симонов, учествуваше на форум на БРИКС во Москва. Средби со претставници на Евроазиската економска унија и Руската унија на производители. Во соопштението на Левица пишува: Македонија има интерес да ги проширува дипломатските и економските хоризонти кон новите глобални центри. Нема повеќе маски. Нема „автентична левица“. Има средба со Зјуганов, човек на црната листа на Америка“, велат од СДСМ.

„Има форум на БРИКС во Москва. Има јасен став против НАТО и ЕУ. Во земја членка на НАТО, со стратешки партнер Америка, со над 80 отсто поддршка за евроатлантскиот пат.

Левица не е опозиција. Левица е сателит, спутник на Мицкоски. Анти-ЕУ, анти-НАТО, против Америка.

Левоца е анти работниците. Не гласаше за минимална плата од 600 евра. Анти демократија. Седи на маса со платформата ЗНАМ 2.0 на Мицкоски, што бара клучеви од СДСМ. Сега и официјално со Зјуганов и со БРИКС.

Граѓаните гледаат. Партија што се колне во работнички права, а празна сала за плата.

Партија што се колне во суверенитет, а оди на средба во Москва за БРИКС. Истото далечинско што го држи и Мицкоски. СДСМ не седи на таа маса. Народот не седи на таа маса. Македонија не сака да биде предградие на Москва, руска губернија и руска покраина.

Русија четири години води војна, изолирана со санкции. Тоа поддржува Левица. Му исполнува на Мицкоски се за изолација и сиромаштија.

БРИКС не е иднина на Македонија. Иднината е ЕУ, закон за сите и независно европско обвинителство и Лаура Ковеши. А бандата, да одговара“, соопшти СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести