„Улицата Божидар Рајковиќ, во Горно Лисиче, цела година е оставена раскопана и со кратери, како мински полиња, на кои жителите секојдневно ги уништуваат возилата. Жителите постојано алармираат и поставуваат прашња кој стручњак ја прави улицата, но и дали има контрола на работата“, велат од Левица Аеродром.
„Левица го постави ова прашање и на Совет на општината и бараше улицата да биде во најаскоро време завршена.
Вакви ситуации не само сега, туку и во иднина ќе ги револтираат жителите, кои уредно си плаќаат даноци, а не добиваат услуги, кога Општина Аеродром нема ниту луѓе, ниту механизација да направи и најмали поправки, туку сѐ мора да оди преку тендери. Од друга страна, пак, општинскиот инспекторат дозволува кој што сака да си прави на терен“, соопштуваат од Левица Аеродром.
