back to top
9.8 C
Skopje
сабота, 31 октомври , 2026

СДСМ бара истрага против Мицкоски и Славески по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија

Други наслови

Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај.

Од СДСМ велат дека со одлуката се блокирани сметките на граѓани и компании, а во банката депозити имале и државни компании. Тврдат дека компаниите што работеле со државата имале налог да соработуваат со Алта банка.

„Со месеци наназад велиме: Алта е банка во сопственост на Александар Вучиќ, криминален капитал, сомнително потекло. Со месеци бараме истрага, реакција од Обвинителството, Народната банка, Финансиската полиција.

Молчеа и не преземаа ништо, го штитеа Мицкоски и неговата организирана криминална група, заедно со сестринската СНС“, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата бараат Обвинителството уште денеска да ги преземе сите мерки и да отвори постапки против Мицкоски, Славески и сите други за кои сметаат дека биле вклучени во случајот.

„Нема бегање сега. Мицкоски и неговата банда мораат да одговараат за штетата што им ја нанесоа на граѓаните на Македонија и на угледот на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести